Microsoft го стопира производството на Xbox One
Објавено на 17.01.2022 во Игри
Проблемите со гејмерскиот пазар Sony го решава делумно така што продолжува со производство на претходната верзија на PlayStation 4, поради недостаток на новите чипови. Microsoft изгледа целосно ќе го стопира производството.
Фокусот на Microsoft е на последната генерација на Xbox, затоа што уште во текот на летото, 2020 година го прекина производството на моделот Xbox One X и дигиталната верзија на Xbox One S, но продолжи со производството на класичната верзија на моделот One S.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.