Motorola ќе го претстави Frontier до крајот на 2022г.

Објавено на 18.01.2022 во Новости



Motorola ќе го претстави Frontier до крајот на 2022г.

Од Motorola годинава се очекува да го претстави новиот топ модел со кодно име Frontier, кој треба да се претстави во текот на годината. Тој ќе се издвои од конкуренцијата според својот чипсет, камерата и брзината на полнење. 

Неофицијалните информации велат дека новиот предводник на Motorola ќе биде со Snapdragon SM8475 процесор, кој ќе биде наследник на Snapdragon 8 Gen 1. Motorola Frontier би требало да излезе во втората половина на 2022 година со 8/12GB RAM меморија и 128/256GB ROM меморија. 

Главниот сензор на камерата ќе биде Samsung 200MP сензор, со ултрашироката камера од 50MP и телефото сензорот на Sony од 12MP. Предната камера се очекува да биде 60MP, која се наоѓа и на моделот Edge X30.

Автор: Aleksandar Stankov