Помалите iPhone 14 модели ќе пристигнат со екрани од 120Hz
Објавено на 18.01.2022 во Новости

Apple за прв пат ја имплементираше ProMotion технологијата, а минатогодишните iPhone 13 Pro и Pro Max беа првите телефони што ја добија таа технологија. Годинава компанијата ќе претстави два стандардни модела: 6.1-инчен iPhone 14 и 6.7-инчениот iPhone Max, со две Pro верзии: 6.1-инчен iPhone 14 Pro и 6.7-инчен iPhone 14 Pro Max.
На почетокот се веруваше дека Pro моделите ќе добијат екрани од 120Hz, а потоа гласините почнале да кружат дека Apple ќе вгради 120Hz екрани и во помалите и поевтините верзии. iPhone 14 и 14 Max наводно ќе бидат со ниско-температурни поликристално силиконски (LTPS) панели, додека Pro моделите ќе бидат со LTPO панели.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.