Мајкрософт ја купува компанијата шго ја креираше Call of Duty за 70 милијарди $

Објавено на 20.01.2022 во Игри



Мајкрософт ја купува компанијата шго ја креираше Call of Duty за 70 милијарди $

Планирано е Мајкрософт да ја купи компанијата Activision Blizzard за речиси 70 милијарди долари, најголемата зделка досега. Што значи оваа огромна зделка? Тоа значи дека очекувано е луѓето да поминуваат се повеќе време во дигиталниот свет.

Со оваа аквизиција компанијата ќе се катапултира на лидерската позиција во гејмерската индустрија. Договорот вреди точно 68,7 милијарди долари, а тоа е дефинитивно најголемиот стимул во индустријата за игри од страна на компанијата. Во соопштението на Мајкрософт пишува дека компанијата ќе стане трета во оваа област после Tencent и Sony.