Google започнува со тестирање на опција што ќе ги воодушеви гејмерите

Објавено на 21.01.2022 во Android



Google започнува со тестирање на опција што ќе ги воодушеви гејмерите

Минатата година Google најави голем новитет за Android и персоналните компјутери - игрите достапни на Google Play ќе може да се играат и на персонален компјутер. Тогаш е најавено дека оваа опција ќе стане достапна во текот на 2022 година, а оваа недела направиле голем чекор во таа насока.

Објавена е првата тестна верзија на Google Play Games, која пристигнува на компјутерите на корисниците на пазарот во Хонг Конг, Тајван и Јужна Кореја. Сите заинтересирани од тие пазари сега може да се пријават за тестирање на мобилните игри на своите компјутери, а треба да очекуваме и таа опција наскоро да стане достапна и на другите пазари, пред да ја објават финалната верзија што ќе биде наменета за сите. 

Автор: Aleksandar Stankov