Студент 4 години се сликал селфи и ги продал сликите како NFT

Објавено на 21.01.2022 во Новости



Студент 4 години се сликал селфи и ги продал сликите како NFT

Силтан Густаф Ал Гозали е студент по информатика во Индонезија и се збогатил со тоа што се сликал четири години. Така креирал околу 1000 селфи слики, од пред својот компјутер.

Целата колекција на фотографии ја трансформирал во NFT и ги објавил на продажба. Детето од 22 години се сомневало дека некој ќе му ги купи сликите, но сепак поставило цена од само 0,00001 ETH, што е еднакво на само 3 долари.

„Не можам да верувам дека луѓето навистина ги купија моите NFT фотографии, 35 од нив веќе се продадени за еден ден“, напишал Ал Гозали.

Над 200 селфи слики се продадени во истиот ден на платформата OpenSea, но потоа биле купени уште стотици во следните денови. Цената на неговите NFT сега е 4ETH, што е еднакво на 11.300 долари. Целата Ghozali Everyday се проценува на 374ETH, т.е. 1 милион долари.