Bonanza Mine чипот на Intel се најавува како енергетски ефикасен за копање Bitcoin

Објавено на 22.01.2022 во Новости



Bonanza Mine чипот на Intel се најавува како енергетски ефикасен за копање Bitcoin

Intel ќе го снабдува GRIID со чипови, стартапот за копање на Bitcoin, со цел поефикасно да се копаат криптовалутите. GRIID потпишал договор за снабдување со Intel за употреба на чиповите Bonanza Mine, кои официјално треба да излезат следниот месец.

Според најавите, Intel своите нови чипови Bonanza Mine ќе ги промовира во февруари годинава. Се смета дека тие можат да го направат копањето на Bitcoin енергетски поефикасно од сегашните понуди на пазарот, дозволувајќи им на компаниите и поединците да добијат криптовалути без да мора да користат толку многу енергија.