Илон Маск преку Neuralink ќе тестира мозочни чипови кај луѓето

Објавено на 22.01.2022 во Новости



Илон Маск преку Neuralink ќе тестира мозочни чипови кај луѓето

Американската невротехнолошка компанија Neuralink почна да бара луѓе за тестирање и клинички испитувања на мозочни импланти кај луѓето. Основач на компанијата е милијардерот Илон Маск, со 265 милијарди долари богатство. 

Илон Маск изјави минатата година дека мозочните чипови ќе ги имплантира Neuralink во 2022 година, откако ќе бидат одобрени плановите за тестирање од страна на американската агенција за храна и лекови (FDA). Neuralink веќе ги тестирал своите чипови во мозоци на макаки мајмуни и свињи и објави видео како се гледа дека мајмун игра видео игра со својот ум.