Електрични возила повеќе продавани отколку дизел возилата во Европа

Објавено на 22.01.2022 во Новости



Електрични возила повеќе продавани отколку дизел возилата во Европа

Пазарот со електрични возила зема голем замав, што значи дека процесот на отстранување на возилата со горива е во напредна фаза. Продажбата на електрични возила во 2021 година имаше раст за 91% во споредба со 2020 година, што е еднакво на 801.025 продадени електрични возила во првите три тримесечја. 

Продажбата на дизел возилата падна за 26% што е еднакво на 2,3 милиони во споредба со истиот период во 2020 година. Во последниот квартал на 2021 година, Tesla Motors испорача 309.000 електрични автомобили.

Се разбира, сега има голема понуда со електрични возила и подобрена инфраструктура, што значи дека значителните стимулации имаат поголемо влијание врз продажбата. Прашање на време е кога дизел возилата ќе ги немаме на пазарот и ќе бидат забранети за возење.