Том Круз во главна улога на првото филмско студио во вселената

Објавено на 23.01.2022 во Новости



Том Круз во главна улога на првото филмско студио во вселената

Space Entertainment Enterprise (SEE) е компанијата копродуцент на филмот што ќе го сними Том Круз во вселената. Ќе има специјална спортска арена и продукциско студио во нулта гравитација.

SEE открива дека ќе изгради модул за вселенска станица со простор наменет за спортски и забавни содржини, како и студиски простор што ќе го користи за производство на сопствените проекти. Тој ќе се изнајмува и за други заинтересирани филмски ентузијасти. Проектот ќе се реализира до декември, 2024 година.

SEE-1 модулот ќе биде за филмски, телевизиски, музички и спортски настани, уметници, продуценти и креативци, што сакаат да креираат содржини во вселената, а предметите ќе овозможат развој, продукција, снимање, емитување и во живо стриминг на настани.Буџетот за првиот филм што ќе се снима во вселената би бил најмалку 200 милиони долари, со Том Круз во главната улога.