Samsung објави видео за сите Galaxy Note фанови

Објавено на 24.01.2022 во Новости



Samsung објави видео за сите Galaxy Note фанови

Samsung објави видео од три минути со насловот "We are behind every wish." Компанијата сака само да го зголеми апетитот на корисниците за следните Samsung уреди, со тоа што следниот unpacked настан ќе се одржува следниот месец. 

На видеото има баба со здравствени проблеми, чија внука секој ден мора да ја провери и да се увери дека се е во ред со неа. Кога бабата на видеото црта, нејзината внука седи до неа, а кога нејзината внука ќе си замине, постарата жена има проблеми со помнење на името на нејзината внука. Погледнете го видеото одозгора.