Зборле е македонската верзија што излезе од играта Wordle
Објавено на 24.01.2022 во Игри
Wordle постигна голема популарност, па така нашиот софтверски инженер Томче Делев ја адаптираше играта со зборови на македонски јазик. Така настана играта „Зборле“.
„Сметам дека ова е еден ‘магичен’ момент на оригиналната верзија и не сакав да се изгуби“, изјавил Делев за Радио МОФ.
Речникот бил конечно доработен на 20 јануари и сега е достапна официјалната верзија на играта. Зборле функционира исто како и Wordle, само времето на објава на „зборот на денот“ е различен, поради различните временски зони.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.