iPhone 14 Pro со двојна дупка на селфи камерата, сака да му одржи лекција на Android

Објавено на 24.01.2022 во Новости



iPhone 14 Pro со двојна дупка на селфи камерата, сака да му одржи лекција на Android

iPhone 14 Pro би требало да пристигне со нов дизајн на засек, а експертите велат дека со оваа иновација ќе го научи Android на лекција за дизајн. Новиот iPhone 14 Pro би требало да пристигне со двојна дупка за селфи камерата (dual punch-hole).

Коментарите под предлог дизајнот што протече, се дека е чуден дизајн. Лично нам ни се допаѓа идејата за двојна дупка за селфи камерата, што изгледа многу подобро од едниот засек и сметаме дека тоа дополнително ќе ја подобри селфи камерата и сензорите. Зошто Apple го прави ова? Предната камера на Apple е составена од следните сензори: инфраред камера, сензор осветлувач за поплава, сензор за близина, сензор за амбиентална светлина, звучник, микрофон, предна камера и проектор со точки.