Во СПАМ фолдерот добила порака за освоени три милиони долари - и навистина добила

Објавено на 25.01.2022 во Новости



Во СПАМ фолдерот добила порака за освоени три милиони долари - и навистина добила

Спам фолдерот во електронската пошта ретко се проверува, затоа што таму пристигнуваат претежно лажни пораки или пак реклами што најчесто не ни се потребни. Сепак, мора да се проверува редовно, затоа што може да ни пристигне и важна информација, а да биде категоризирана како спам.

Лора Спирс од округот Окленд, Мичиген, САД, купила билет за „Мега милиони“ лотаријата, па со комбинација од пет броеви, жената се надевала дека ќе го добие „џекпотот“ од три милиони долари. 

„Видов оглас на Фејсбук дека ‚џекпотот' на ‚Мега милиони' станува прилично висок, па си купив ливче. Ми ветија дека ќе ми кажат, но не добив ништо во мојата електронска пошта. Неколку дена подоцна, проверував нешто што недостасуваше од едно лице, па ја отворив папката за спам. Така ја видов пораката од лотаријата дека сум добила награда. Помислив дека тоа е уште еден спам, но сепак го отворив линкот и ја проверив интернет-страницата на лотаријата. Излезе дека е вистина! Страшно и шокантно за мене, освоив три милиони долари!“, изјавила 55-годишната Лора.

Парите планира да ги потроши со семејството, а нејзиниот совет гласи дека луѓето почесто да ги проверуваат спам фолдерите