Кина произведе бионички робот со четири нозе, најголем во светот

Објавено на 25.01.2022 во Новости



Кина произведе бионички робот со четири нозе, најголем во светот

Кина произведе електричен робот со четири нозе, кој е најголем во светот. Новиот кинески бионички робот изгледа огромно, што е резултат на тоа што Кина сака да стане глобален лидер во роботиката до 2025 година.

Роботот може да се движи напред и назад, да се врти, оди дијагонално, може да трча и да скока, благодарение на 12 сетови зглобни модули. Опремен е со сензори за да се снајде во околината, а може да се прилагодува и на различни терени: на скалила, канали, карпи, патишта со кал, пустини, снег и друго. Најважното е тоа што може да се вооружи и да носи до 160кг товар и да постигне брзина на движење до 10 км/ч.