Panasonic вложува над 700 милиони долари во производство на нови батерии за Tesla

Објавено на 25.01.2022 во Новости



Panasonic вложува над 700 милиони долари во производство на нови батерии за Tesla

Јапонската компанија Panasonic ќе почне со производство на новата литиумско-јонска батерија за Tesla. Во 2023 година се планирани инвестиции од 705 милиони долари во производни погони во Јапонија.

„Проучуваме различни опции за масовно производство, вклучувајќи ја тестната производна линија што ја воспоставуваме оваа година. Меѓутоа, моментално немаме ништо да најавиме“, велат од Panasonic.

Powerpack би можел да помогне за електричните возила да бидат попривлечни за возачите, така што ќе го зголемат дометот за околу една петина, известува Nikkei, не наведувајќи од каде ги добиле тие информации. Panasonic ќе ја произведува 4680 батеријата во фабриката во префектурата Wakayama и ќе се произведуваат по 10 гигават часови годишно, што е еднакво за количина од 150.000 возила.

Автор: Aleksandar Stankov