Samsung познавајќи ги желбите на своите фанови создаде нов телефон за нив -Galaxy S21 FE 5G

Објавено на 26.01.2022 во Новости



Samsung познавајќи ги желбите на своите фанови создаде нов телефон за нив -Galaxy S21 FE 5G

По големиот успех на Galaxy S20 FE, Samsung одлучи да создаде нов телефон базиран на желбите и барањата на лојалните корисници, кој се карактеризира со феноменални перформанси и елегантен дизајн. Затоа има побрз процесор, висока резолуција на екранот, иновативен оперативен систем и одлична камера спакувана во новиот Galaxy S21 FE 5G

Покрај тоа што може да се пофали со феноменален елегантен и тенок дизајн од 7,9 мм, кој можете да го најдете во маслинова, лаванда, графит и бела боја со мат финиш, овој телефон нуди и неверојатни карактеристики кои го докажуваат неговиот квалитет. Пред сè, телефонот носи иновативен оперативен систем One UI 4 со многу функции кои ќе го воодушеват секој корисник - персонализиран кориснички пристап, дизајн на сопствен почетен екран, икони, позадини и виџети според индивидуалните желби и стилови, како и нова контролна табла за подобра приватност и безбедност на уредот, што е одлично решение за сите деловни корисници и складирање деловни податоци.

Од друга страна, мора да се истакне јасната висококвалитетна графика и квалитетот на сликата, како и новото ниво на брзина на одговор на допир (Touch response rate) од 240 Hz, што е изведба која отсекогаш ја посакувале најстрасните гејмери. Исто така, забавата на новиот телефон е подобрена со стапка на освежување од 120 Hz, која обезбедува најголема резолуција на AMOLED 2X екранот, а супербрзиот Galaxy процесор е заслужен за беспрекорното користење на другите омилени апликации.

Новиот телефон носи многу нови видови на забава, па може да се истакне со феноменалната предна камера од 32 MP, која има и подобрена Night Mode опција, која овозможува уште поквалитетни ноќни фотографии. Она што ќе ве претвори во вистински професионален фотограф се ултра широката, како и широкоаголната задна камера од 12 MP, а ќе ја препознаете и новата уметничка форма со телефото камерата од 8 MP. Новина е и опцијата за двојно фотографирање, така што ќе можете истовремено да снимате настани и пред и зад вас, а се што треба да направите е да започнете со снимање со што ќе ги активирате двата објективи на вашиот фотоапарат.

Сите оние кои постојано се во движење со овој уред не мора да се грижат за батеријата, бидејќи таа, според желбата на корисникот, е создадена за целодневна употреба. Токму затоа што е подобрена со способноста за супер-полнење 25W, што може да наполни повеќе од 50% за само 30 минути, оваа батерија ви дава уште подобар израз, истражување и уживање во омилената содржина.

Како уште една ѕвезда на Samsung галаксијата, овој телефон нуди и беспрекорна врска со целиот екосистем на Galaxy, така што може многу брзо и лесно да се поврзе со други Galaxy уреди, како што се Buds2 или Watch4. Со примена на 5G технологијата, Samsung им овозможи на уште повеќе луѓе да уживаат во најновата и најбрзата можна комуникациска технологија, а за да се уверите во квалитетот на овој производ и да дознаете сè за неговите иновативни карактеристики, посетете ја страницата каде што ќе уживате во автентичен телефон, и во морето од нови информации за најновата технологија - https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/galaxy-s21-fe-5g/