Boeing вложува 450 милиони за развој на беспилотно летечко такси

Објавено на 26.01.2022 во Новости



Boeing вложува 450 милиони за развој на беспилотно летечко такси

Boeing вложува 450 милиони долари во Wisk, како поддршка за развојот на идните беспилотни летечки такси возила. Wisk е во сопственост на Boeing и Kitty Hawk, компанија за воздухопловство, основана од коосновачот на Google, Лери Пејџ, и претставува една од неколкуте десетици компании што развиваат електрични автомобили со вертикално полетување и слетување (eVTOL). 

Разликата меѓу оваа компанија и другите, е тоа што се фокусира на автономен лет, т.е. на летечко возило без пилот. Планирано е беспилотните возила на Wisk да бидат пуштени во употреба од 2024 година. Boeing се уште не кажува точен рок за лансирање на своето патничко возило од шестата генерација, но експертите сметаат дека неговата сертификација ќе се реализира од 2028 година.