Meta креира суперкомпјутер најбрз на светот, со најнапредна вештачка интелигенција

Објавено на 26.01.2022 во Новости



Meta креира суперкомпјутер најбрз на светот, со најнапредна вештачка интелигенција

Meta Platforms Inc објави дека сите членови на истражувачкиот тим креирале нов суперкомпјутер, наменет за истражување на вештачката интелигенција и веруваат дека ќе биде најбрз во светот, кога ќе биде доусовршен кон средината на 2022 година.

Во објавата Meta пишува дека нејзиниот нов AI Research SuperCluster (RSC) ќе и овозможи на компанијата да развива уште подобри суперкомпјутери, наменети за истражување во областа на вештачката интелигенција. Модулите ќе користат бројни карактеристики, ќе обработуваат трилиони контексти на објави, ќе работат на повеќе стотици јазици и истовремено ќе анализираат текстови, слики и видеа, со цел да се утврди дали содржината е штетна или не.