Предлог концепт дизајн за идниот Samsung Galaxy S23 Ultra

Објавено на 26.01.2022 во Новости



Предлог концепт дизајн за идниот Samsung Galaxy S23 Ultra

Експертите веќе го скицираат следниот Samsung Galaxy S23 Ultra смартфон, иако се уште не е излезен Samsung Galaxy S22 Ultra, кој треба да го здогледа светлото на денот во следниот месец.

На видеото може детално да го разгледате дизајнот, кој доаѓа со новитетот: заден мал дисплеј за часовникот и камера на S Pen. Се разбира, може да го полните и реверзибилно со друг телефон што има повеќе батерија. 

Неговите перформанси се очекува да бидат со 5G технологија,200MP главен сензор на камерата, Snapdragon 898 процесор и 16GB RAM меморија. Странично ќе имате и додадени опции за подесување на светлоста, за исклучување на телефонот и друго.