Голем пад на криптопазарот, за 48 часа избришана вредност од 130 милијарди долари

Објавено на 26.01.2022 во Новости



Голем пад на криптопазарот, за 48 часа избришана вредност од 130 милијарди долари

Со криптопазарот можеме да ги поврземе изразите како што се волатилноста и несигурноста, но многумина го поврзуваат овој пазар и со брза заработка. На пример, ако во 2020 година сте купиле еден bitcoin и сте го платиле до 5 илјади долари, а сте го продале следната година, ќе сте добиеле над 67 илјади долари. Станува збор за чист профит од 60 илјади долари.

Се разбира, секогаш имате и ризик. Пазарот расте и паѓа, затоа сега моментално еден bitcoin вреди 33 илјади долари. Со последниот голем пад на пазарот, инвеститорите се во страв дали да продадат или да чуваат. CNBC објави дека вкупниот пазар на криптовалутите во последните 48 изгубил на вредност дури 130 милијарди долари. 

Автор: Aleksandar Stankov