Ракетата на SpaceX лансирана уште од 2015 година, може да удри во Месечината

Објавено на 27.01.2022 во Новости



Ракетата на SpaceX лансирана уште од 2015 година, може да удри во Месечината

На почетокот на 2015 година, ракетата Falcon 9 на SpaceX поминала повеќе од милиони километри во вселената, преку која американската Национална управа за океаните и атмосферата, испратила посебна климатска опсерваторија. Првиот дел од мисијата за испраќање на опсерваторијата е успешно поминат, но дошло до проблеми со вториот дел на ракетата, кој оттогаш во хаотичната орбита лута низ свелената. 

Поради тоа лутање наскоро би можело да и дојде крај на интересен начин, затоа што ракетата би можела да се судри со Месечината. Благодарение на софтверот на Бил Греј, за следење на предмети што се наоѓаат во близина на Земјата како што се астероиди и комети, се уште ракетата може да се следи. Инаку, до проблеми со ракетата дошло кога била на преголема височина, при што снемала гориво за враќање во земјината атмосфера и немала доволно енергија за да ја избегне гравитацијата на земјено-месечинскиот систем.