Disney+ од ова лето ќе стане достапно и во Македонија

Објавено на 28.01.2022 во Новости



Disney+ од ова лето ќе стане достапно и во Македонија

Сите што имаат омилени супер херои од Marvel и Star Wars, ќе ја дочекаат оваа вест со голема радост. Од лето, Disney+ пристигнува и во Македонија, а меѓу другото се проширува и во 42 држави и 11 нови територии за летото, 2022 година: Албанија, Алжир, Андора, Бахреин, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ватикан, Грција, Египет, Естонија, Ирак, Израел, Јемен, Јордан, Јужна Африка, Катар, Косово, Кувајт, Латвија, Либан, Либија, Лихтенштајн, Литванија, Малта, Мароко, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Палестинските територии, Полска, Романија, Сан Марино, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Словенија, Тунис, Турција, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Се уште немаме точна дата на излегување, и не е познато колкава ќе биде висината на претплатата и за програмата што ќе стане достапна. Инаку, во САД претплатата изнесува 8 долари месечно за Disney+. Најдобар избор веројатно ќе биде Disney+, во пакет со Hulu и ESPN+ за 14 долари месечна претплата за сите три канали.

Автор: Aleksandar Stankov