Samsung Galaxy Tab S8 Ultra: Протекоа нови слики со нов засек

Објавено на 28.01.2022 во Новости



Samsung Galaxy Tab S8 Ultra: Протекоа нови слики со нов засек

На Samsung Unpacked 2022 евентот излегува новата Galaxy S22 серија и Tab S8 серија. Предвремено излегуваат слики со Galaxy Tab S8 Ultra од „неговото височество“, најпознатиот ликстер Иван Блес, кој објавил рендери со следниот таблет на Sasmung од сите страни.

Galaxy Tab S8 Ultra ќе биде навистина голем таблет со речиси 15 инчен екран. На рендерите можеме да видиме две предни камери, 14.6" AMOLED Ultra дисплеј со WQXGA+ резолуција од 3000 x 1800 пиксели, Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, огромна батерија од 11200mAh и полнач од 45W. Galaxy Tab S8 Ultra ќе биде со 16GB RAM/512GB меморија, со двојна камера од 12MP. Tab S8 Ultra би требало да биде околу $1000, додека најмалиот Tab S8 ќе биде $850.