Samsung Galaxy A53 5G наспроти Galaxy A33 5G: Што да очекуваме

Објавено на 31.01.2022 во Новости



Samsung Galaxy A53 5G наспроти Galaxy A33 5G: Што да очекуваме

@OnLeaks ги објави спецификациите на следните модели од Galaxy A серијата, кои би можеле да бидат новите најдобри опции на евтини телефони во 2022 година. Samsung ќе ги претстави најпрво двата модела Galaxy A53 5G и Galaxy A33 5G, при што едниот ќе биде $500, а другиот $300.

Samsung Galaxy A53 и А33 ќе бидат со пластичен дизајн, A53 ќе биде со 120Hz, а А33 со 60Hz екран. Двата смартфона ќе пристигнат во црна, бела, светло сина и портокалова боја. Добивате IP67 сертификат за водоотпорност со A53 5G, кој ќе биде со 6.46 инчен екран, додека A33 5G со 6.4 инчен екран, но двата со AMOLED технологија.

A53 5G добива батерија од 4,860mAh, додека A3 5G добива 5,000mAh. Galaxy A53 5G под хауба добива 8-јадрен Samsung Exynos 1200 процесор со две јадра од 2.4GHz и ќе има верзија со 6GB и 8GB RAM меморија. Внатрешната меморија на A53 5G најверојатно ќе биде 128GB, додека A33 5G ќе биде или со 64GB или 128GB.