Промо слики и цени протекоа за Tab S8 Ultra и неговите браќа

Објавено на 31.01.2022 во Новости



Промо слики и цени протекоа за Tab S8 Ultra и неговите браќа

Samsung ќе ја претстави претстојната Galaxy Tab S8 серија на 9 февруари, на својот Unpacked настан, заедно со Galaxy S22 серијата. Во меѓувреме протекоа слики со спецификациите на новиот Tab S8 и цените на целата серија со различни мемории.

Класичниот 11-инчен таблет ќе биде со LCD екран, Tab S8 Plus ќе биде со 12.4-инчен екран и Tab S8 Ultra ќе биде со 14.6-инчен екран. Поголемите верзии ќе бидат со AMOLED панели, додека трите модели пристигнуваат со S Pen и Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, без Exynos 2200 варијанти.

Цените со новите таблети на Samsung може да ги погледнете одоздола:

    Tab S8 128GB model: €769
    Tab S8 256 GB: €819
    Tab S8 5G 256GB: €969
    Tab S8 Plus 128GB: €999
    Tab S8 Plus 256GB: €1059
    Tab S8 Plus 5G 128GB: €1159
    Tab S8 Plus 5G 256GB: €1219
    Tab S8 Ultra 256GB: €1319
    Tab S8 Ultra 512GB: €1549
    Tab S8 Ultra 5G 256GB: €1549
    Tab S8 Ultra 5G 512 GB: €1699

Автор: Aleksandar Stankov