Виенски музеј продава NFT од Климт: „Бакнеж“

Објавено на 31.01.2022 во Новости



Виенски музеј продава NFT од Климт: „Бакнеж“

Едно од најпознатите светски уметнички романтичарски дела, ќе се продава во уникатна дигитална верзија. Виенскиот Belvedere им нуди на купувачите NFT токен, од легендарната слика на Густав Климт, „Бакнеж“. Непосредно пред Свети Валентин, музејот најави дека ќе почне да ја продава дигиталната романса во облик на 10.000 NFT, од кои секое чини по 1850 евра.

Некои ја фалат, но некои ја критикуваат идејата за продавање на незаменливи NFT токени, како шема за заработување на пари, откако поединечни NFT уметнички дела донесоа милиони на аукциите. Незаменливите токени се дигитални сертификати за автентичноста, кои се наменети за докажување дека се работи за оригинал, и покрај тоа што постојат други дигитални копии од уметничките дела на Климт.