Samsung Galaxy A53 5G забележан на FCC со 25W брз полнач

Објавено на 02.02.2022 во Новости



Samsung Galaxy A53 5G забележан на FCC со 25W брз полнач

Пред неколку дена се појавија првите слики со моделот Samsung Galaxy A53 5G, кој припаѓа на средната класа на самртфони, сертифициран од TENAA. Телефонот бил линкуван со FCC документација со 25W брз полнач.

Кодното име на телефонот било SM-A536E/DS, а на документот пишувало дека ќе биде со 5G поддршка и NFC технологија, како и адаптер за полнење EP-TA800. Се разбира, утврдено е дека станува збор за 25W брз полнач во кутијата. Galaxy A53 5G пристигнува со 6.46-инчен AMOLED дисплеј и 120Hz, резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Под хауба ќе биде со Exynos 1200 процесор и Mali G68 GPU. Батеријата ќе биде со капацитет 4860mAh, 8GB RAM + 128GB ROM меморија.