Знакот на Ајфон не е ставен за бадијала, може да служи како копче

Објавено на 03.02.2022 во iOs



Знакот на Ајфон не е ставен за бадијала, може да служи како копче

Знакот со јаболко на Ејпл, мислевме дека е за декорација на дизајнот и препознатливоста на Ајфон. Сепак, логото може да послужи и како копче, за што сакаш, се пишува од неодамна на ТикТок

Функцијата што може да се применува се нарекува Back Tap и можете да се употребува за скриншот, за камера, за блиц, за двоен допир или троен допир. Опцијата се содржи само во iOS 14 и може да ја активирате преку поставките, одбирате опција пристапност (Accessibility) => Touch => Back Tap. Кога ќе одберете Back Tap, потоа ви излегува како сакате да го користите „гризнатото јаболко“.