Цукерберг најави интересни промени поврзани со приватноста на Messenger

Објавено на 05.02.2022 во Новости



Цукерберг најави интересни промени поврзани со приватноста на Messenger

Корисниците на Facebook Messenger може да активираат енкрипција за четовите со опцијата Secret conversation. Таквите четови нема да бидат достапни за неовластени лица, но се уште постои можност за да биде снимен екранот од друга личност или со помош на мобилен телефон како фотографија.

Тоа може да се реши со новата верзија на Facebook Messenger. Марк Цукерберг тврди дека новата верзија на Messenger ќе ги извести лицата на четот доколку некој направи скриншот од нивниот разговор. Тоа ќе функционира само доколку се вклучени „пораките со ограничено траење“, пораките што автоматски исчезнуваат од разговорите.