Марк Цукерберг изгуби уште 2 милијарди долари овој викенд

Објавено на 07.02.2022 во Новости



Марк Цукерберг изгуби уште 2 милијарди долари овој викенд

Марк Цукерберг во петокот изгуби уште 2 милијарди долари од своето богатство и со тоа излезе од списокот на топ 10 најбогати луѓе во светот. Вредноста на акциите на Фејсбук продолжува да паѓа, и покрај тоа што Цукерберг веќе изгуби 30 милијарди долари од Мета. 

Во меѓувреме, богатството на Џеф Безос се зголеми за 20 милијарди долари со пораст на вредноста на акциите на Амазон, додека Meta ја заврши минатата недела во петокот со вредност од 237,09 долари, што е еднакво на неверојатен пад од 21%.