Биткоин се очекува да надмине вредност од 55.000 долари после 6 месеци

Објавено на 07.02.2022 во Новости



Биткоин се очекува да надмине вредност од 55.000 долари после 6 месеци

После секој голем пад, следува голем раст. Тоа веќе инвеститорите го знаат и не дигаат паника кога пазарот паѓа. Криптовалутите се одликуваат со голема волатилност, што значи дека може да имаат драстични осцилации со вредноста.

Експертите сега тврдат дека биткоин може да доживее превисока вредност во споредба со сегашната, која се искачи на 41 илјада долари, од 33.000 долари. Највисоката вредност на биткоин досега е приближно еднакво на 70.000 долари. За 6 месеци се очекува вредноста на биткоин да се искачи на 55 илјади долари.