Switch е најпродаваната конзола во историјата на Nintendo

Објавено на 07.02.2022 во Новости



Switch е најпродаваната конзола во историјата на Nintendo

Nintendo ги објави продажните бројки за својата конзола Switch во последните три месеци за 2021 година. Најновата OLED Switch верзија е продадена во 10,67 милиони примероци, со што вкупниот број на продадени Switch модели, надмина 100 милиони. Цифрите се одлични и многу подобри од Sony, кој што има големи проблеми со недостаток на чипови и во последните три месеци продале само 3,9 милиони парчиња PlayStation 5.

Најважно е да се истакне дека сега Switch стана најпродаваната конзола на Nintendo во историјата. Wii го држеше досегашниот рекорд, кој бил исклучиво популарен кон крајот на првата деценија, при што се продадени вкупно 101,63 милиони парчиња од Wii конзолите. Switch достигна 103,54 милиони продадени парчиња со последната продадена конзола, а бројките дефинитивно ќе продолжат да растат.