Видео со несреќа на Tesla возило, компјутерот управувал

Објавено на 07.02.2022 во Новости



Видео со несреќа на Tesla возило, компјутерот управувал

Илон Маск веќе со години зборува дека неговите возила ќе бидат усовршени до тој степен што компјутерот ќе управува подобро со возилото, од луѓето. Со активирање на опцијата Full Self-Driving, ќе може да се опуштите на возачкото седиште, затоа што компјутерот целосно ќе ја преземе контролата над вашето Tesla возило, а тоа треба да се реализира до крајот на 2022 година. 

Според видеото објавено на YouTube, изгледа дека инженерите на Tesla имаат уште многу работа додека да се исполни тоа што Илон Маск го вети пред јавноста. На видеото може да забележите дека автомобилот со активирана Full Self-Driving (FSD) Beta опција, свртел кон десно премногу и така влегол во лентата за велосипедисти.