Марк Цукерберг предупредува дека Фејсбук и Инстаграм во Европа може да згаснат

Објавено на 08.02.2022 во Новости



Марк Цукерберг предупредува дека Фејсбук и Инстаграм во Европа може да згаснат

Европските регулатори и вршат притисок на Мета за забрана на обработка на податоците од Инстаграм и Фејсбук, затоа што сето тоа оди преку серверите на САД. Инаку, Европскиот суд на правдата го прогласи трансатлантскиот договор за размена на податоци ЕУ-САД за неважечки во јули 2020 година, но сепак не го стопираше преносот на податоци, додека да се развие новата рамка.

Во иднина тоа значи дека Мета не смее да ги процесира податоците на своите европски корисници во седиштето во САД. Марк Цукерберг изјавил дека ако се променат постоечките договори, Мета нема да може да ги обезбедува своите производи и услуги во европскиот регион. Тоа значи дека Инстаграм и Фејсбук нема да бидат достапни во Европа.

Автор: Aleksandar Stankov