Сексуален напад во виртуелниот свет на Метаверс

Објавено на 08.02.2022 во Новости



Сексуален напад во виртуелниот свет на Метаверс

Британката Нина Џејн Пател (43), соопшти дека била сексуално нападната во виртуелниот свет на Метаверс.

„Ми се случи ужасно искуство. Се случи многу бргу, немав време дури ниту да размислам како да се заштитам“, напишала таа на текст, објавен на платформата Медиум.

Инаку, инцидентот се случил во декември, но сега се открива во јавноста за настанот. Жената била малтретирана од други корисници, кои виртуелно ја грабале. Платформата има опција со која што корисниците можат да ги блокираат другите корисници што се однесуваат недолично, но Пател вели дека немала време да ја искористи можноста. 

„Жалиме за тоа што се случило. Сакаме сите наши корисници да имаат позитивно искуство, и имаме безбедносни мерки што може да помогнат во вакви ситуации“, изјавил портпаролот на Мета, Џо Озборн.