Samsung Galaxy S22 Ultra: Предвремено протечени слики со новиот телефон и новиот таблет

Објавено на 08.02.2022 во Новости



Samsung Galaxy S22 Ultra: Предвремено протечени слики со новиот телефон и новиот таблет

Samsung Galaxy S22 серијата пристигнува официјално утре, но сите ликстери се тркаат кој повеќе слики ќе објави предвреме од новата Tab S8 серија на таблети и S22 серија на смартфони. lanzuk, наводно објавил реални слики со новите уреди на Samsung.

Претходно пишувавме за спецификациите на сите три модели на Galaxy Tab S8 серијата: 11-инчениот Galaxy Tab S8, 12.4-инчениот Tab S8 Plus, и 14.6-инчениот Tab S8 Ultra. Засекот на Ultra верзијата подразбира две предни камери, 12MP главен сензор и 12MP ултра широк сензор. Galaxy S22 серијата ќе биде со 6.1-инчи класичен модел на Galaxy S22, 6.6-инчен S22 Plus и 6.8 инчен Galaxy S22 Ultra.