Корисниците ќе можат да живеат без Фејсбук и Инстаграм!?

Објавено на 09.02.2022 во Новости



Корисниците ќе можат да живеат без Фејсбук и Инстаграм!?

Мета соопшти дека Фејсбук и Инстаграм апликациите би можеле да исчезнат во Европа, затоа што Европската Унија спрема закон со кој што се забранува личните податоци на европските корисници да минуваат преку серверите во САД. 

Марк Цукерберг веднаш се огласи дека поради тоа би можело да се прекине функционирањето на двете најпопуларни апликации во Европа. Корисниците веднаш се огласија дека ова би можело да биде благослов, со оглед на тоа што премногу време се троши на социјалните мрежи. „Апсолутно не нè загрижува тоа, го сакаме светот каков што некогаш беше“, „Прашањето е каква корист имаме воопшто од тие апликации. Навлегување во приватноста на луѓето и манипулација со нив?“, „Ова всушност би било благослов“, „Ако го снема Фејсбук, просечниот коефициент на интелигенција во Европа веројатно ќе порасне за 50“, пишувале корисниците за оваа вест.

Автор: Aleksandar Stankov