Samsung Galaxy S22 Ultra пристигнува со ултра брзо полнење

Објавено на 09.02.2022 во Новости



Samsung Galaxy S22 Ultra пристигнува со ултра брзо полнење

Samsung извршил големи надградби во полнењето на S22 серијата. Ultra моделот и Plus верзијата доаѓаат со 45W брзо полнење и 25W за класичниот модел. Топ перформансите со 45W за S22+ и S22 Ultra, се дефинитивно голема надградба во споредба со 25W моќноста за полнење кај минатиот модел S21. 

Samsung го пушта во продажба и безжичниот полнач со 15W моќност на полнење, за кого треба да се доплати ако сакате да го имате, околу 40 долари.