Европските издавачи го пријавиле Google на Европската комисија

Објавено на 14.02.2022 во Новости



Европските издавачи го пријавиле Google на Европската комисија

Google е на удар на уште една тужба од Европската комисија. Европскиот совет на издавачи (EPC), го пријавил гигантот поради прекршување на правилата за рамномерно наптреварување во дигиталното рекламирање.

Како што се наведува во објавата за медиумите, Google со својот принцип за дигитално огласување ги довел издавачите во безизлезна позиција. Крајно време е Европската комисија да наметне мерки што би го промениле однесувањето на Google, пишува во изјавата потпишана од претседателот на EPC, Кристијан Ван Тиљо.