Samsung Galaxy A23: Протекоа првите рендери и спецификациите

Објавено на 14.02.2022 во Новости



Samsung Galaxy A23: Протекоа првите рендери и спецификациите

Samsung следно ќе го открие буџетскиот Galaxy A23, за кого протекоа слики. Galaxy A23 ќе биде со тројна задна камера и една селфи камера, USB C влез за полнење, 6.6-инчен дисплеј, HD+ AMOLED дисплеј со 90Hz, и сензор за отпечатоци вграден во екранот. 

Главниот сензор на овој Samsung смартфон ќе биде со 48MP, ќе го има во 5G верзија и се очекува да излезе околу пролетта, 2022 година, најверојатно до април 2022 година. Ова не се официјални податоци и слики, но како и секогаш, се исплати да ги прочитаме гласините, затоа што 99% излегуваат вистина.