Во Холандија тужба против Google и Apple поради провизиите во продавниците за апликации

Објавено на 17.02.2022 во Новости



Во Холандија тужба против Google и Apple поради провизиите во продавниците за апликации

Холандска фондација почнала да ги собира потрошувачите што сакаат да поднесат тужба против Apple и Google, тврдејќи дека многу скапо ги чинат високите провизии во продавниците за апликации - милијарди евра. Програмерите ги наплатуваат апликациите преку продажба преку Apple AppStore и Google Play, за провизија од 30%, што го поскапува и купувањето.

Фондацијата во Холандија тврди дека потрошувачите поради високите провизии во минатите години скапо ја платиле и преплатиле купената роба и услугите за дури милијарда евра. Бизнис моделот за продажба на апликации најмногу ги револтира програмерите, иако трошоците во конечната верзија се пренесуваат на потрошувачите. Apple се уште не коментира, а Alphabet вели дека компанијата веќе ги намалила своите провизии на Google Play.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: