Почна тестирањето на социјалната мрежа на Доналд Трамп

Објавено на 18.02.2022 во Новости



Почна тестирањето на социјалната мрежа на Доналд Трамп

Доналд Трамп е исфрлен од Facebook, Twitter и YouTube. Затоа одлучи да направи сопствена социјална мрежа, на која што нема да има цензури и забрани. Поранешниот претседател на САД ја најави платформата Truth Social, а нејзиното тестирање почна оваа недела. Според достапните информации, моментално оваа платформа е отворена за околу 500 корисници и следниот месец можеме да го очекуваме и нејзиното официјално лансирање.

Една од првите објави на оваа мрежа ја објавил Доналд Трамп, на која напишал: „Подгответе се“! Сликата со таа објава на Twitter ја сподели неговиот син. 

Автор: Aleksandar Stankov