Илон Маск се потсмева за повлекувањето на стотици илјади Тесла автомобили

Објавено на 19.02.2022 во Новости



Илон Маск се потсмева за повлекувањето на стотици илјади Тесла автомобили

Илон Маск се потсмева на својот Twitter профил за повлекувањето на Тесла автомобилите. Стотици илјади Тесла автомобили се повлекуваат по барање на американската Национална управа за безбедност во сообраќајот (NHTSA), а Илон Маск вели дека се принудени на оваа одлука од NHTSA, кои ги нарекол „смешна полиција“.

Причината за повлекувањето на возилата е потенцијалниот недостаток на функцијата Boombox. 578.607 Тесла возила се повлекуваат: Model S произведени од 2020 до 2022 година, Model X, Model Y и Model 3 произведени од 2017 до 2022 година. Проблемот е функцијата Boombox, која што овозможува звукот на автомобилот да се емитува преку надворешни звучници кога возилото е во движење. NHTSA процениле дека пешаците можеби нема да видат дека возило се приближува, доколку алармот што ги предупредува за приближување на возило е премногу тивок.