Познатиот милијардер не е љубител на bitcoin и ether: „Криптовалутите се како полова болест“

Објавено на 19.02.2022 во Новости



Познатиот милијардер не е љубител на bitcoin и ether: „Криптовалутите се како полова болест“

Чарли Мангер, долгогодишниот бизнис партнер на Ворен Бафет е стар инвеститор, кого воопшто не го импресионираат криптовалутите и се што се случува околу bitcoin, ether и други дигитални валути. Во овој случај во поддржува кинескиот пристап кон криптото и смета дека Американците треба да ги забранат.

„Тоа е како некоја полова болест или слично“, вели Чарли Мангер.

Критичарите на криптовалутите сметаат дека тие се несигурни и волатилни и би можеле да претставуваат балон што еден ден ќе пукне. Поради тоа ниту Мангер не вложува во крипто и е горд поради тоа.