Ќе му дадат ли акционерите 100 милиони долари на Тим Кук?!

Објавено на 20.02.2022 во Новости



Ќе му дадат ли акционерите 100 милиони долари на Тим Кук?!

Apple е дефинитивно компанија со рекордно висока вредност на пазарот и берзата, која највисоката точка ја достигна на 3 билиони долари. Големи заслуги за таквиот успех му припаѓаат на извршниот директор на компанијата, Тим Кук. Наследникот на Стив Џобс за одличната работа треба да биде награден со пари, кои ќе бидат во согласност со успехот, а станува збор за речиси 100 милиони долари.

Покрај годишната плата од 3 милиони долари, се очекува и исплата од акциите во вредност од 82,3 милиони долари, како и дополнителни 12 милиони долари бонус за минатогодишното деловно работење, 1,3 милиони долари за безбедност и 23 илјади долари за годишен одмор и други трошоци. Кога сето тоа ќе се собере, Кук би можел да добие вкупно 98,7 милиони долари за минатата година. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: