Почнало тестирањето: Google воведува новитети на својот прелистувач

Објавено на 21.02.2022 во Новости



Почнало тестирањето: Google воведува новитети на својот прелистувач

Google започна со тестирањето на новиот изглед на верзијата од својот прелистувач за компјутери. Промената многу потсетува на Discover од мобилните уреди. Корисниците што се дел од тоа тестирање, на пребарувачот на Google им се појавила опцијата widget, т.е. посебни картички.

Тие се сместени во долниот дел на екранот и прилично се наметливи, така што нема да го нарушат премногу чистото искуство од главната страница на Google. Картичките се базираат на сите податоци што Google ги собрал за вас, т.е. што значи дека ќе прикажува само податоци што се важни за вас. За оние што немаат потреба од такво нешто, има посебно копче со кое што може да ги отстраните вашите widget-и.