Социјалната мрежа на Трамп привлече над 100 илјади нови корисници за помалку од 24 часа

Објавено на 22.02.2022 во Новости



Социјалната мрежа на Трамп привлече над 100 илјади нови корисници за помалку од 24 часа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати во светот на социјалните мрежи. Неговата компанија Trump Media & Technology Group лансираше сопствена социјална мрежа - Truth Social.

Truth Social во моментот е достапна само за корисници од САД, за која сите велат дека многу слична е со Twitter, омилената социјална мрежа на Трамп. Truth Social за помалку од 24 часа излезе на првото место на најпопуларни апликации во App Store, а според бројачот во самата апликација, за пристап кон создавање на профили се пријавиле над 100 илјади луѓе.