Samsung го слави успехот на Galaxy Z Flip 3, од iPhone Fold нема ниту трага
Објавено на 22.02.2022 во Новости
Не е тајна тоа што најголемиот производител на смартфони е лидер на пазарот на преклопни смартфони, со тоа што Galaxy Z Flip 3 е најпродаван смартфон. Така Samsung добива уште пооптимистички очекувања за движењето на пазарот во иднина.
Преклопниот смартфон на Samsung со прифатлива цена направи импресивни резултати со продажбата, за 14% повисока продажба имаше во последната четвртина 2021 година. И додека Samsung го слави својот успех со Galaxy Z Flip 3, од Apple iPhone Fold нема ниту трага, ниту глас.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.