Apple ги планира iPhone Fold и MacBook со флексибилен екран

Објавено на 23.02.2022 во Новости



Apple ги планира iPhone Fold и MacBook со флексибилен екран

Последните гласини се дека iPhone Fold нема да излезе до 2025 година на пазарот. Новите неофицијални информации се дека Apple размислува за флексибилен MacBook со дијагонала на екранот од 20 инчи со 4K резолуција. Лаптопот би се користил исто како и Lenovo ThinkPad X1 Fold, како голем таблет со голем монитор, што ќе може да се поврзе со други уреди, или кога ќе се свитка екранот, долниот дел да се користи како виртуелна тастатура, а горниот како лаптоп.

За оние што сметаат дека ова е добра вест за Mac, лошата вест е што ќе мора да чекаат на неа уште многу време. Медиумите спомнуваат 2026 или 2027 година, а цената исто така ќе биде за оние со подлабок џеб.